Утре пристигнува втората пратка на вакцини од Србија, Филипче ќе ги чека на граница

Филипче утре на граничниот премин Табановце ќе ја прими втората пратка на вакцини од Србија
Министерот за здравство д-р Венко Филипче, утре (среда, 24.02.2021 година) на граничниот премин Табановце ќе ја пречека делегацијата предводена од министерот за здравство на Република Србија Златибор Лончар кој ќе ја предаде втората пратка од осумте илјади вакцини од компанијата Фајзер.
Настанот ќе се одржи на меѓуграничниот премин на македонската и српската граница, каде се предвидени изјави за медиумите.
Го покануваме вашиот медиум да го проследи настанот, почитувајќи ги мерките за заштита од КОВИД-19.
Медиумите кои имаат интерес да го видеоинсертираат или фотографираат настанот да се акредитираат на [email protected], најдоцна до утре до 07:45 часот. За акредитација задолжително треба да ни доставите име и презиме, матичен број или датум и година на раѓање, како и татково име. Настанот ќе се одржи во 13:30 часот, медиумските екипи на граничниот премин треба да стигнат најдоцна до 13:10 часот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.