УТРЕ СЕ ПУШТА САЈТОТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА – МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВУВААТ СИТЕ, НО ПРЕДНОСТ ЗА ПРИОРИТЕТНИТЕ

Екипите ќе бидат засилени со 14 специјализанти од вон болничка педијатрија, а надлежните сметаат дека засега има доволно капацитети и медицински кадар за првиот бран на вакцинација.
Закажувањето ќе се одвива преку Мој термин, а најавата е дека од утре ќе профункцира и сајтот за пријавување.
Здравените работници кои се во првата категорија ќе се вакцинираат преку посебна листа. На Трансфузија ќе одат вработените од Клинички центар. Досега се пријавиле 4000 здравстени работници, од кои 2000 во Скопје. Од здравстениот дом се пријавиле 50 проценти од медицинскиот персонал, а според информациите на ТВ 24 најмалку пријавени има во Брзата помош.
Дознаваме дека утринава на Комисијата за заразни болести министерот и неговиот заменик предложиле вакцинацијата да се одвива во спортската сала „Борис Трајкосвки“, но останатите членови сметале дека пунктовите во здравените домови засега се доволни. Планот е да се вакцинираат по 2500 граѓани дневно во цела држава, но министерот Филипче не ја исклучува можноста и од дополнителни капацитети.
Сепак, според оваа динамика ќе бидат потребни три месеци да се вакцинираат скоро 200 000 граѓани, што е 10 проценти од населението. Се проценува дека најголемиот притисок за вакцинирање ќе биде во април и мај кога се очекуваат повеќе вакцини, но барањата на граѓаните за патувања ќе бидат поголеми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.