Утре ќе има пресуда и за „Шамарите во Центар“, во меѓувреме Јанкуловска спроведена во Идризово за „Тенк“

Утре ќе има пресуда и за „Шамарите во Центар“, во меѓувреме Јанкуловска спроведена во Идризово за „Тенк“

Утре во 12 часот од судијата Душан Јосифов во Основниот кривичен суд во Скопје ќе биде изречена пресудата за случајот „Шамарите во Центар“.

Денеска на финалното рочиште сите, очекувано, побараа ослободителна пресуда.

Ако имав вина, ниту јас, ниту моето семејство немаше да може да го издржиме овој притисок со кој се соочуваме повеќе години наназад. Ќе признаев и ќе се молев за помала казна. Но, бидејќи јас немам никаква вина, стојам исправен пред вас, пред целата јавност, за да докажам дека немам никаква улога во овој немил настан – изјави денеска Миле Јанакиески, некогашниот близок соработник на Груевски.

Вечерва Јанкуловска беше спроведена во Идризово да ја издржи казната за предметот ТЕНК.

ПОТВРДЕНО: Јанкуловска е спроведена во затворот Идризово

„Факт е дека откако Груевски не е присутен во Македонија, голем дел од медиумскиот и политички притисок е врз мои плеќи, затоа против мене се водат осум постапки и секој ден сум на суд. Дали е потребно да се најде жртвено јагне за да се понесе одговорноста за нечии постапки?” смета Миле Јанакиески.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.