До петок осумтемина пратеници кои беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучат како ќе делуваат во Собранието, како независни или ќе формираат нова пратеничка група. Се очекува да им се придружи и пратеникот Панчо Минов, кој замина од коалицијата на Мицкоски.
По нивната поддршка за измени на Уставот со цел промена на уставното име, ВМРО-ДПМНЕ направи вистинска чистка во своите редови. Освен седумте пратеници, без партиската книшка останаа и уште неколку високи функционери кои беа обвинети дека ја уценувале пратеничката група и работеле спротивно на интересите на партијата.
Проблемите се зад нас и одиме напред, уверуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.