Утре ќе решат дали ќе делуваат како независни или пак ќе формираат нова пратеничка група

До петок осумтемина пратеници кои беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучат како ќе делуваат во Собранието, како независни или ќе формираат нова пратеничка група. Се очекува да им се придружи и пратеникот Панчо Минов, кој замина од коалицијата на Мицкоски.
По нивната поддршка за измени на Уставот со цел промена на уставното име, ВМРО-ДПМНЕ направи вистинска чистка во своите редови. Освен седумте пратеници, без партиската книшка останаа и уште неколку високи функционери кои беа обвинети дека ја уценувале пратеничката група и работеле спротивно на интересите на партијата.
Проблемите се зад нас и одиме напред, уверуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.