Утре ќе се возиме поефтино, паѓаат цените на бензините, има ли простор за радост?
Со одлука на Регултароната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат за цени пониски за половина, односно за еден денар.
Бензините поевтинуваат за половина денар, па така Еуросупер БС-95 ќе чини 67,5 ден./л., а Еуросупер БС-98 69,5 ден./л.
За еден денар поевтинуваат дизелот и екстра лесното масло за домаќинство. Дизелот од полноќ ќе се продава за 60 ден./л, а цената на екстра лесното масло за домаќинствата ќе изнесува 49 денари за литар.
За 1,49 денари поевтинува и малопродажната цена на мазутот кој од утре ќе чини 36,395 денари за килограм.