Утре ќе се знае дали Куманово ќе оди во целосен карантин.
Конечно барањето на Општина Куманово за воведување 14-дневен карантин со целосна забрана за движење на жителите, утре ќе се најде на седница на Владата. Претходно беше утврдено дека градоначалникот на Куманово е позитивен на КОРОНА ВИРУС. Тој постојано, подолг период ги бараше овие мерки…
Филипче на попладневната прес-конференција информираше дека барањата на кумановскиот кризен штаб утрово се разгледувале на состанокот на Комисијата за заразни болести, а крајна одлука ќе се носи на седницата на Владата утре.
Од Куманово побараа и текстовите, односно резултатите да не се чекаат со денови, туку да се добиваат во разумен рок. На ова досега нема решение нашето Министерство за Здравство.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.