Утре 39 степени, следува уште потопол период со температури над 40

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната ќе достигне од 32 до 39 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе изнесува 18 степени, а максималната ќе достигне до 36 степени, јавува УХМР.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, под влијание на топол бран до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло. Особено високи температури се очекуваат од среда, кога на места дневната температура ќе надмине 40 степени.
The post Утре 39 степени, следува уште потопол период со температури над 40 appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: