Утринава студено, преку ден сончево

Времето утринава е студено, а во текот на денот ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, во западните делови од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од 7 до 16 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно. До утре утринските температури ќе бидат зачително ниски, на повеќето места под нулата, а дневните ќе бидат во пораст, особено за време на викендот. Од почетокот на работната недела утринските температури ќе бидат над нулата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.