Не секогаш е пријатно да се разбудите во состојба на ерекција, но тоа е исклучително позитивен знак кога зборуваме за вашата општа здравствена состојба.
Всушност, ако подолг временски период се будите без ерекција, тоа може да биде знак дека имате некои уролошки проблеми и треба што побргу да посетите лекар.
Порталот “Men’s Health” пишува дека ерекцијата во текот на ноќта е важен показател како функционира машкото тело.
Што доведува до ерекција во текот на ноќта?
Ерекциите настануваат со стимулирање на парасимпатичкиот нервен систем. Кога ќе видите, почувствувате или ќе слушнете нешто што е сексуално атрактивно, тоа предизвикува ослободување на невротрансмитери во вашиот мозок, што води до дилатација на артериите во пенисот. Дилатацијата на крвните садови се овозможува со проток на големи количини на крв во пенисот, што го прави поисправен.
Парасимпатичкиот нервен систем е поактивен во текот на спиењето, што покрај создавањето на ерекции исто така предизвикува и опуштање на мускулите и забавување на работата на срцето. Уште една причина поради која можете да се разбудите во состојба на ерекција е тестостеронот кој веројатно ќе ви биде на највисоко ниво во текот на утрото.
Дали утринските ерекции се нормална појава?
Според зборовите на урологот Адам Рамин, здрав човек треба да очекува ерекција од три до пет пати во текот на ноќта. Ако тоа не се случува, тоа може да биде јасен знак за некое нервно заболување, артериска болест, хипертензија, дијабетес, ниска концентрација на тестостерон или депресија и анксиозност.Од друга страна, постојат и т.н. психолошки и физиолошки ерекции. Доколку немате ерекција во текот на сексот, а ви се случуваат во текот на ноќта, тоа е доволен знак дека треба да посетите сексуален терапевт од причина што можеби имате само психолошки eрекции.
Која е целта на утринските ерекции?
Иако утринските ерекции немаат никаква специфична функција, тие се најдобар показател дека вашиот пенис правилно функционира. Појавата на ерекцијата која ја добивате во текот на ноќта преставува еден вид на несвесен режим на вежба за вашиот пенис, помагајќи неговото ткиво да се растегнува и собира за да биде подготвено за однос кога тоа ќе го посакате.
Што можете да направите ако немате утрински ерекции?
Според мислењето на урологот Рамин, ако барем повремено не се будите со утрински ерекции, можеби треба да посетите доктор. Поточно, ако еден или два месеци поминуваат без никакви случувања во текот на ноќта, веројатно имате потреба од стручна помош. Како најчеста медицинска причина за недостатокот на утрински ерекции се наведува затнувањето на крвните садови или недостатокот на тестостерон.