Наместете го алармот и ставете ментол бонбони до креветот, бидејќи најновите истражувања покажуваат дека имате неколку добри причини да го почнете денот со секс.
Истражувачите од Mattress Advisor спроведоа анкета во која учествуваа 1.000 испитаници кои живеат заедно со партнерот, во врска со нивните сексуални навики.
53 проценти од мажите рекоа дека утринскиот секс позитивно влијае на нивната продуктивност на работното место, а повеќе од 45% од жените се согласуваат со тоа. Од друга страна, 42,9% од испитаниците сметаат дека утринскиот секс нема влијание врз тоа како им се одвива остатокот од денот, а 11,9% сметаат дека дури и се помалку продуктивни после секс.
Покрај она што повеќето испитаници го потврдуваат – подобра продуктивност, а со тоа и успешност на работното место – утринскиот секс исто така го намалува крвниот притисок, го подобрува расположението и го зголемува нивото на задоволност од врската.
Научници од Германија дојдоа до заклучок дека утринскиот секс ви дава будност и енергија како да сте испиле пет шолји кафе, а ендорфините што ги произведува телото за време на сексот ви помагаат да бидете емотивно балансирани во текот на денот.
Експертите тврдат дека сексуалниот „шпиц“ за жените е од 6 до 9 часот наутро, а за мажите од 9 до пладне.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.