Температурите утринава во целата држава се над нулата. Најтопло е во Демир Капија каде се измерени 12 степени, а најстудено во Берово со 2 степена над нулата.
За денеска синоптичарите најавуваат сончево време со мала облачност, особено на северозапад. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се движи во интервал од 18 до 24 степени Целзиусови.
И во Скопје и околина слично време со максимална температура до 21 степен.
Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнало во Лазарополе, 23 литри на метар квадратен.