Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи презема дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје. Меѓу осомничените има поранешни високи функционери, административни службеници и лица кои вршат работи од јавен интерес.
– По неколку месечна сеопфатна предистражна постапка, денеска по насоки на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се преземаат дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје , велат од МВР.
Повеќе детали за акцијата ќе бидат соопштени во текот на денот, информира МВР.
Пронајдете не на следниве мрежи: