Утрово во Скопје осум колапси и зголем број на повици во Брза помош

Денес во утринските часови на јавни места во Скопје поради високите температури имаше осум колапси на граѓани. Најчесто имаме меѓу 90 и 100 повици дневно, а деновиве има зголемување за 15 до 20 отсто и дневно има 110 повици. На јавни места има повеќе колапси во последниве два дена, изјави за МИА, д-р Георги Карамановски, шеф на смена во Итната медицинска помош.
Исто така тој посочи дека граѓаните кои не се чувствуваат добро поради топлото време се вообичаено хронично болни, астматичари…, но има и такви со мозочни удари и инфаркти. Дел од граѓаните не ги слушаат препораките што ги даваме по јавните медиуми, а се однесуваат на топлото време и колабираат, дополни Карамановски.
– Возрасните излегуваат по пазари кога не треба да излегуваат, а младите излегуваат од изутрина нејадени и тие колабираат. Но, за среќа, немаме граѓани со потешки последици. Обично на лице место се интервенира и ретко кој е однесен во здравствена установа, додаде Карамановски.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.