Утрово два земјотреса во Малешевијата

Утрово, нешто пред 9 часот, во Малешевијата беа почувствувани два помали земјотреса.

Според ЕМСЦ, првиот земјотрес се случил во 8.46 часот, а бил со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала, на 13 километри северно од Берово.

Вториот се случил неколку минути подоцна, во 8.53 часот, со послаб интензитет од 2,1 степен.

Жителите на Берово, Пехчево и Делчево сведочат дека ги почувствувале земјотресите, кои биле куси, но добро затресло.

Вчера попладнето, во истото подрачје имаше уште два земјотреса, со јачина од 3,6 односно, 2,9 степени, соопшти ЦУК.

Пронајдете не на следниве мрежи: