Утрово добра вест, пожарникарите го спасија „Глобал“ – пожарот локализиран, ова се деталите

Пожарот кој избувна синоќа по 23:00 часот во Трговскиот центар “Глобал” во Струмица се прошири во текот на ноќта и на тезгите во пазарот, во приземјето.Според информациите од командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, пожарот се проширил во внатрешниот дел од трговскиот центар.
Рано утрово, околу 4 часот, пожарот беше локализиран. Во гаснењето на истиот учествуваа голем број на пожарникари од Струмица, но набрзо помогнаа и од Радовиш, Неготино, Валандово и Штип.
Струмичани немаа мирна вечер. Многумина од нив беа на лице место и не може да веруваат во тоа што го гледаат. Огнените јазици беа огромни.

Брзата реакција на пожарникарите, воедно и одличната тактика, беа причина да не се дозволи огнот да го зафати целиот трговски центар.
Пожарникарите од страничната и задната страна влегоа во „Глобал“, каде на само неколку метри од нив беше најголемото жариште, но токму таму успеаја и да го стават огнот под контрола.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.