Во експлозијата која утрово околу 07:00 часот се случила пред црква Агиос Дионисиос во областа Колонаки во Атина експлодирала експлозивна направа. При експлозијата повреден е еден полицаец
кој е префрлен во болница, а реонот е блокиран. Повредите на полицаецот не се животозагрозувачки, а според информациите на грчките медиуми полесно повреден е и вработен во црквата.
Експлозивната направа била поставена во метална кутија,а ја открил вработен во црквата кој ја известил полицијата. Експлозијата се случила во моментот кога полицијата пристигнала да го испита пакетот.
Пронајдете не на следниве мрежи: