Утрово посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Поради одржување атлетска трка во Скопје, денеска во периодот од 06:30 до 11:30 часот е воведен посебен соообраќаен режим по сообраќајниците каде ќе се движат натпреварувачите.

Стартно – целната позиција на трката е од булеварот Јане Сандански (десна коловозна лента), потоа на потегот од крстосницата со булевар Србија и булевар Видое Смилевски Бато до крстосницата со улицата Владимир Комаров, дел од улицата Васко Карангелевски (во двете насоки на движење), потегот од крстосницата со булеварот Јане Сандански до крстосницата со булеварот АСНОМ како и дел од булеварот АСНОМ (десна коловозна лента) и на потегот од крстосницата со булеварот Киро Глигоров и булеварот Србија се до крстосницата со улицата Васко Карангелевски – соопштија од СВР Скопје

Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници по сообраќајниците.

Пронајдете не на следниве мрежи: