УХМР најавува дожд и до 70 литри на метар квадратен

Во Македонија времето денес ќе биде променливо облачно со засилен ветер, a попладне, почнувајќи од запад, ќе биде проследено со локални и поројни врнежи од дожд и грмежи.
Како што соопштија од Управата за хидрометеролошки работи, под влијание на серија влажни бранови утре попладне и во наредните денови времето ќе биде претежно облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд и до 70 л/м2.
Заради тоа, од Министерството за земјоделство апелираа да се преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води и заштита од нив.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.