Нови врнежи, наместа пообилни, а во источните делови и над 20 литри на метар квадратен, најавува за утре попладне, во текот на ноќта и недела претпладне Управата за хидрометеоролошки работи. Како што соопшти УХМР, следува период на променливо и посвежо време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат проследени со грмежи, засилен ветер и ќе има услови за појава на град.
Според УХМР, денеска попладне претежно во западните делови ќе има појава на локален дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе се движи од 23 до 31 степен Целзиусов. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотраен локален дожд.
Утре максималните температури ќе се движат од 21 до 32, а задутре од 20 до 29 степени./МИА
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.