Сончевото, топло време со темпратура над 20 степени ќе се задржи и за време на продолжениот викенд. Според УХМР, од понеделник вечер се очекуваат промени кои особено ќе бидат изразени во вторник за кога е најавено заладување, повремен дожд и снег на планините.
Утре ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната од 18 до 24 степени. Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до еден, а максималната ќе достигне 22 степена.
До недела времето ќе биде сончево и топло со пораст на дневната температура.
Во понеделник кон крајот на денот ќе имаме локален дожд и услови за појава на грмежи.
Значителна промена на времето се очекува во вторник која ќе биде проследена со заладување повремени врнежи од дожд, а на планините и снег.