УХМР ПРЕДУПРЕДУВА: Во следните денови портокалов метео аларм, температури и над 40 степени

Во следните денови времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината и ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високите температури. Утринските температури утре ќе се движат од 14 до 22 степени, а дневните од 32 до 41 степен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје утринската температура ќе достигне до 22 степени, а дневната до 40 степени.
Наместа вдолж Повардарието температурата ќе го надминува 40-тиот степен.
Во понеделник ќе дува засилен ветер од западен, а попладне од северен правец кој ќе предизвика благо опаѓање на температурите во северните делови, а во јужните ќе се задржат високите температури, информира УХМР

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.