УХМР со вонредна временска прогноза- подгответе се за вистинско невреме во Македонија!

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека во следните денови во попладневните часови ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.
Максималните температури до средината на наредната седмица ќе бидат во благо опаѓање.
Минималните температури во понеделник и вторник ќе се движат од 12 до 19 степени, а максималните од 27 до 34 степени и од 26 до 33 степени.


Времето утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме. УВ ќе биде 9. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната од 26 до 36 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.