УХМР со предупредување: Врнежи од дожд и снег, викендов ќе бидат пообилни

Утре во попладневните часови во западните делови ќе има врнежи од дожд во пониските места и снег на планините.

Во текот на ноќта кон сабота и во сабота претпладне врнежите ќе се прошират во поголем дел од земјата и наместа ќе бидат пообилни (20 л/м2).

Поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои од пониските места.

На планините снежната покривка ќе се зголеми, а помала снежна покривка ќе се формира и на некои од повисоките места.

Пронајдете не на следниве мрежи: