УХМР со предупредување за наредните три дена

Во следните три дена започнувајќи од утре попладне во Македонија, како што најавуваат од УХМР, повторно ќе има врнежи од дожд, којшто наместа ќе биде пороен, грмежи и засилен ветер.
Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=8 Т-мин. од 10 до 19, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 30 до 36 степени.


Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од западен правец. Температурата ќе се движи од 16 до 34 степени.
Во среда и четврток ќе биде нестабилно на повеќе места, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок и сабота.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.