УХМР со предупредување за невремето кое доаѓа

Во Македонија времето денес ќе биде претежно облачно и нестабилно со врнежи од дожд, особено во западните делови. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. На места врнежите ќе бидат обилни, локално и во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и со услови за појава на град. Минималните температури ќе се движат од 7 до 14, а максималните од 14 до 22 степени Целзиусови.
И во Скопје времето ќе биде облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Температурата ќе се движи од 13 до 20 степени.
Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд, на места обилни, локално и во форма на невреме со грмежи и засилен ветер.
И во среда времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмежи, локално и во форма на невреме.
Слично време не очекува и во четврток кога времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален дожд и грмежи.

УХМР предупредување!

Денес и во наредните денови времето ќе биде претежно облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од (над 50 л/м2, а во крајните западни и југоисточни делови и над 70 л/м2 за целиот период). Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.