Според Конкурсот на УКИМ, слободни се вкупно 10 665 места. Од нив, во квотата за редовни студенти има 5387 места, во квотата за редовни со кофинансирање на студиите 4248 и за вонредни студенти слободни се 1030 места.
На 29 и 30 август на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”-Скопје е првиот рок за упис во прва година додипломски студии во учебната 2019/2020 година. Вториот уписен рок на УКИМ е на 12 и 13 септември, а третиот рок на факултетите каде што ќе останат слободни места е на 25 септември.
Како и во минатите години, надоместот што го плаќаат редовните е 200 евра, а за тие што ќе се запишат во квотата за кофинансирање или за вонредни ќе плаќаат по 400 евра.
За да конкурираат за студии, кандидатите треба да имаат положено државна матура. Критериумите и условите за упис се содражни во Конкурсот објавен на веб-страницата на УКИМ.
Пронајдете не на следниве мрежи: