Ученик (15) се појавил во училиштето „Луиџи Галвани“ во Милано со нож и побарал да се види со својата наставничка, но за среќа двајца професори го запреле и го разоружале.
Во таа интервенција еден од наставниците е повреден и моментално е во болница.За среќа, повредите во болницата му биле окарактеризирани како полесни, па се очекува тој да биде добро и наскоро да биде отпуштен дома.
Според карабинерите, инцидентот се случил во средата на 24 април, а се претпоставува дека ученикот имал намера да ја повреди или заплаши наставничката.
Тинејџерот имал тенденција да ја таргетира наставничката и ги прашал сите што ги сретнал на училиште за неа.
Откако бил спречен инцидентот, 15-годишниот ученик се обидел да побегне, но полициските патроли го уапсиле во близина и го однеле во станица.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.