Ученик од Велес со лисици врзал соучесник и му вперил пластичен пиштол

Во СВР Велес, од Основното општинско училиште во Велес денеска во 10 часот било пријавено дека малолетен ученик во училиштето врзал со лисици негов соученик и му вперил пластичен пиштол.

Од малолетникот бил одземен пиштолот и бил предаден на полициски службеници.

„За настанот бил известен јавен обвинител, Центарот за социјални работи Велес и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираат попладнево од СВР Велес.

Пронајдете не на следниве мрежи: