УЧЕНИК УБИ СОУЧЕНИЧКА ВО ГЕРМАНИЈА! Полицијата трага по НЕГО! ВЛАДЕЕ ГОЛЕМА ВОЗНЕМИРЕНОСТ

Во средно училиште во Германија дошло до конфликт меѓу ученик и ученичка при што девојчето починало.

Инцидентот се случил по 10 часот во средното училиште Ловенорт во Сент Леон Рот, пренесува Билд.

Се сомнева дека се работи за конфликт меѓу ученици кои претходно се познавале.

Според германските медиуми, напаѓачот е во бегство и по него интензивно се трага.

Според полицискиот штаб на Мејнхам, средното училиште било евакуирано, а учениците биле пренесени на безбедно место.

На местото на настанот пристигнале голем број полицајци, како и спасувачки хеликоптер кој требало да го пренесе девојчето во болница, но таа од тежината на повредите починала на лице место.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.