Учениците над трето одделение од Скопје нема да одат и понатака на настава
Училишта со мал број на класови и ученици може да побараат дозвола да вршат настава во живо и за одделенијата над трето, но, ако, на пример училиште во Скопје аплицира за таква дозвола, ние нема да го дозволиме тоа, вели министерот за здравство, Венко Филипче, во неделното интервју на РСЕ.
Министерот е категоричен дека нема настава над трето одделение во Скопје, од Министерството за образование велат дека сепак крајниот збор ќе го има владината комисијата. Таа ќе одлучи кое училиште ги исполнува условите согласното протоколите донесени од Владата, без разлика дали е во или надвор од Скопје. „ Оваа Комисија е составена од преставници од МОН, Министерство за здравство и Канцеларијата на претседателот на Владата“ – велат од МОН.
Препораката училиштата да започнат со работа од први октомври е поради тоа што во месец септември ќе има доволно настани и случувања што можат да ја влошат епидемиолошката слика и децата во училиште да бидат уште еден дополнителен фактор којшто сакаме да го одложиме.
Интервјуто на Филипче ТУКА
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.