Зоо негувателот Виктор вработен во скопската Зоолошка на Фејсбук напиша дека денеска камења биле фрлани кон слоницата во Зоолошката, а за тоа време професорите седеле на кафе.
– Денес имав ситуација што искрено ме разочара. Група ученици од средното угостителско „Лазар Танев“ фрлаа камења кон слоницата, додека нивните професори седеа на кафе во кафич. Не сакам да генерализирам — не се сите деца исти, ниту сите професори се неодговорни. Но, вакви поединци оставаат лоша слика и, уште полошо, нанесуваат стрес и штета на животни кои се под наша грижа. Како зоонеговател, секојдневно гледам колку се чувствителни и интелигентни овие суштества. За нив, ова не е „заебанција“ – напиша Виктор на Фејсбук.
Апелираше – „Научете ги децата дека животните не се мета за забава, туку живи суштества што заслужуваат почит“.



