Вчера во 16.00 часот во Полициската станица Берово, четириесет и осумгодишната Д.Т. од село Русиново, беровско, пријавила дека во периодот од 2021 година до денеска, во основното училиште во кое учи во селото, две соученички во повеќе наврати физички ја напаѓале, ја полевале со вода и упатувале закани на нејзината малолетна ќерка.
„Според пријавеното, настаните биле пријавувани кај одговорните во училиштето. Се работи на расчистување на случајто“, информираат од СВР Штип.