Училиштето “Димитар Миладинов“ во Центар затворено заради загадена вода

Основното училиште “Димитар Миладинов“ во Центар итно е затворено заради загадување на водата за пиење, а учениците се испраќаат дома. Како што дознаваме, многу деца во изминативе денови се заразиле од стомачен вирус, а причината – неофицијално е тоа што водата за пиење се мешала со фекалии. Во известувањето од директорот на училиштето се наведува дека објектот ќе биде затворен и во следните два дена.
“Поради дефект на водоводната мрежа и техничка неисправност на водата, која не смее да се пие, училиштето ќе биде затворено од денеска, 6 ноември, како и в среда и в четврток. Дополнително ќе следат информации согласно со состојбата“, се вели во итното известување од директорот.
Екипи на ЈП “Водовод и канализација“ излегле на терен и се работи на санирање на дефектот, а од училиштето се надеваат дека дефектот ќе биде саниран во следните два дена и дека учениците во петок ќе се вратат на настава. Утре учениците ќе заминат на екскурзија, а во четврток училиштето и онака има патронат.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.