Ушгули: Село каде луѓето живеат во изолација 6 месеци годишно

Ушгули е село во Грузија поточно во областа Сванетија каде што животот не е лесен. Не само што ова е најизолираното место со лоша патна инфраструктура, туку таму врне снег 6 месеци годишно. Поради зимските услови многу е тешко да стигнете до селото. Таму живеат околу 70 семејства односно 250 лица. Тие се горди и сериозни луѓе кои зборуваат свански јазик и се занимаваат со сточарство.


Ушгули: Село каде луѓето живеат во изолација 6 месеци годишно
Ова село е под заштита на УНЕСКО, а во последните години стана и голема туристичка атракција. Селото има етнографски музеј, а посетителите можат да ја посетата и капелата Ламарија, која датира од 12-ти век и е полна со прекрасни фрески.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.