Двајца Тибетанци, од кои едната е мајка на четири деца, се замозапалиле во Кина во знак на протест против туторството на Кина и задушувањето на тибетската култура и религија, соопштија невладините организации во понеделникот.Триесет итригодишната Кал Кји се запалила во неделата во една од западните области на кинеската покраина Сечуан, во којашто е силно изразено незадоволството на централната власт во Пекинг, пренесува AFP повикувајќи се Radio Free Asia. Смртта на мајката на повеќечленото семејство ја потврди и тибетската мрежна страница phayul.com чиешто седиште е во Индија.Покраината Сечуан граничи со автономната кинеска покраина Тибет, и на нејзината територија има бројна тибетска заедница.Четириесет итригодишниот Ламо Кјаб во понеделникот, исто така, се самозапалил во западната кинеска покраина Гансу, соопштија порталот phayul.com и невладината организација International Campaign for Tibet. Меѓутоа, не е потврдена смртта на мажот.Кинеските власти тврдат дека Тибет го „ослободиле по мирен пат“ и дека е подобрена судбината на неговото население, благодарејќи на финансирањето на развојот на оваа сиромашна и зафрлена област.Меѓутоа, многу Тибетанци велат дека повеќе не сакат да го трпат сé поголемото влијание на мнозинскиот народ Хан во Кина, и задушувањето на тибетската религија и култура, како и дека развојот е во полза првенствено на заедницата Хан.Врховниот суд и највисокото кинеско правосудство и полициските власти најавија минатиот декември дека секој за кого ќе се докаже дека помагал или поттикнувал Тибетанци на самозапалување ќе биде кривично гонет за „убиство” .Од 2009 година во Кина на овој начин се обиделе да си го одземат животот стотина Тибетанци во знак на протест против кинеската доминација и власт на оваа област којашто ја сметаат за своја татковина и поради задушување на нивната религија и култура. Повеќето им подлегнаа на повредите од изгорениците.Според официјалните податоци на Пекинг, од март 2011 до јуни оваа 2012 година како резултат на чинови на саможртвување со самозапалување починале повеќе од 20 Тибетанци. Кинеските власти тврдат дека постојат докази дека сите такви случаи се внимателно подготвени од странство од сепаратистичките активисти коишто се залагаат за отцепување на Тибет од Кина.„Само е еден одговор на кинеските власти на самозапалувањата: репресија и уште посилна репресија. Тоа само го потврдува неуспехот на нејзината политика на Тибет”, коментираше пред извесно време за AFP, Катиа Буфертрил, тибетолог која живее во Париз.Тибет останува едно од „жешките” и најзатворени прашања во денешна Кина, којашто била анектирана во составот на Поднебесното царство во XIII век. Набргу по основањето на Нова Кина во 1949 година, Пекинг и Ласа потпишаа Договорот за мирно ослободување на Тибет, според кој областа влезе во составот на Кина како автономен регион.Далај Лама XIV Тензин Гјацо побегна од Тибет во 1959 година по вклучувањето на областа во составот на Народна Република Кина и неуспешниот антикинески бунт. Заедно со неговите приврзаници тој живее во индискиот град Дармсала, каде што дејствува „тибетската влада во егзил”. Во март минатата 2011 година Далај Лама најави оставка од неговата лидерска позиција, но тоа не ги намали полемиките меѓу него и Пекинг, каде што го сметаат за сепаратист.
МакфаксДвајца Тибетанци, од кои едната е мајка на четири деца, се замозапалиле во Кина во знак на протест против туторството