Четириесет и деветгодишиот И.К. од Скопје е нова жртва на кучињата скитници. Вчера околу 11:00 часот додека се движел по улицата „Македонија“ бил каснат од куче-скитник. По нападот лекарска помош побарал во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, а инцидентот го пријавил во Полициската станица Центар.