По шеширите со голем обем за кинеските деца, и кафулето во Германија кое измислило начин како повеќе луѓе да седат на иста маса, а де се почитуваат здравствените мерки, имаме уште еден новитет, а поврзан е со физичкото дистанцирање.
Ресторан во Америка смислил како гостите да седат, да јадат и да се дружат, а притоа да бидат на одредена оддалеченост.
Сопственичката на ресторанот “Fish Tales Bar&Grill”, Дона Харман, рекла за медиумите дека ваквите маси им се допаѓаат на гостите.
“Мислам дека ова е многу кул и забавно, а и луѓето сакаат да се фотографираат на овој начин. Воедно и нашиот персонал ќе биде дистанциран од гостите”, вели таа.