Уште едно бебе со морбили се бори за живот

Вклучен ли е е алармот, ова станува страшно. Уште едно 5-месечно бебе од Детската клиника во борба за живот приклучено на апарати за дишење и во тешка состојба е префрлено од Клиниката за инфективни болести, пренесе ТВ “Сител“. Од почетокот на епидемијата за месец и половина има повеќе од 200 заразени со мали сипаници.
Тринаесетмесечно дете од Свети Николе почина од компликации од морбили на Клиниката за детски болести. По шестмесечното бебе од Куманово за два дена ова е втор смртен случај од мали сипаници во Македонија.  Детето починало синоќа, а со морбили било заразено од таткото. Претходно три дена го лекувале на Инфективна клиника.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.