Уште овој викенд во домашен притвор, од понеделник Орце Камчев-слободен

Обвинетиот во „Империја“, бизнисменот Орце Камчев кој два месеци беше во притвор во затворот Шутка, а од пред новогодишните празници во домашен притвор и овој викенд нема да биде на слобода.
Врховниот суд ја усвои неговата жалба да му биде укинат домашниот притвор и од обвинението од СЈО да се брани од слобода, но решението се уште не е потпишано од сите судии кои одлучувале по неговата жалба.
И покрај неговата желба одлуката за слобода да стапи на сила и викендов да може да го помине во прошетка со семејството, сепак, заради непотпишаното решение ќе остане дома. Од судот велат дека потписите на сите судии се очекува да бидат ставени во понеделник и со тоа обвинетиот бизнисмен да се брани од слобода.
Камчев заедно со Сашо Мијалков и Цветан Панделевски се првообвинети за финансиски злоупотреби и на два пати судот на барање на Обвинителството им одреди затворски притвор а од јануари годинава затворскиот им го замени со домашен притвор. Во случајот кој СЈО го нарече „Империја“ овинети се и првите луѓе на фирми на Камчев, а меѓу нив и неговата мајка и сестра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.