Неофицијално завршил распитот само за Орце Камчев и одреден му е 30 дневен притвор? Орце Камчев беше донесен последен во судот на распит со возило и внесен директно во гаражата на судот.
Специјалното јавно обвинителствот отвори истрага под кодно име „Империја“ против 13 лица, бизнисменот Орце Камчев, неговата мајка Ратка Куноска Камчева и сестра Христина Камчева Стојческа, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски.
Наведените се сомничат за злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело направени преку фирмите кои ги поседуваат.
Извор: притвор