Девојче и момче на 16-годишна возраст и еден 31-годишник се уште се борат за живот по страшната сообраќајка која вчера наутро се случи во близина на Ниш и во која животот го загубија пет лица.
Во текот на ноќта состојбата не им се влошила за српски „Блиц“ вели директорот на Клиничкиот центар во Ниш, проф. д-р Зоран Радовановиќ.
Шеснаесетгодишното девојче заради повреда на централниот нервен систем е оперирано неврохируршки, момчето има тешки повреди на ‘рбетот, а 31-годишниот патник на несреќниот автобус е со повреди на абдоменот.
Останатите 23 повредени патници, од кои 13 малолетници, се во стабилна состојба и не се во живото- загрозувачка состојба.