Уште шест нови случаи со морбили

Само вчера се регистрирани шест нови пациенти со морбили (мали сипаници). На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани 20 пациенти, меѓу нив и едномесечно бебе со Даунов синдром од Куманово. Тоа е со потешка клиничка слика и претходно било лекувано на Клиниката за детски болести, соопшти Министерството за здравство.
Амбулантски се прегледани пет пациенти со симптоми на морбили, од кои едно шестгодишно дете од скопското село Љуботен, вакцинирано со една доза, како и четири возрасни пациенти (двајца од Скопје, и по еден од Дебар и од Куманово). Според проценката на лекарите нивната состојба не е толку загрижувачка, па биле пуштени на домашно лекување.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK