Уште 30 дена куќен притвор за Стевчо Јакимовски

Кривичниот суд во Скопје му определи нови 30 дена куќен притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски во истрагата којашто ја отвори Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, јавува „Макфакс“.
Првичните причини за одредување мерка куќен притвор беа поради можност од бегство и влијание врз сведоци.
Поранешниот градоначалник на општина Карпош и уште осум други лица се осомничени за неколку кривични дела, како незаконска легализација и продажба на земјиште, бесправно градење и садење цвеќе. Меѓу осомничените има и бизнисмени од градежниот сектор.

Пронајдете не на следниве мрежи: