Попладнево на коронавирус беа тестирани 10 пациенти, од нив 5 се позитивни на вирусот.
Позитивна е сопругата на веќе дијагностицираниот пациент од Скопје и 4 здравствени работници – двајца доктори и две медицински сестри од Дебар. Со ова, бројката на заболени со коронавирус во земјата се искачи на 31, информира министерот за здравство Венко Филипче.