УЈП открива: Три познати бензиски пумпи сакале да затајат данок!

Денеска до полноќ треба да завршиме уште со попис во една бензиска пумпа. Таму оди потешко соработката со даночниот обврзник. Целиот капацитет од регионална дирекција Штип ќе биде вклучен во спроведувањето на пописот. Станува збор за посебна мрежа и за три познати бензиски пумпи од различни региони од државата, вели директорката на УЈП, Сања Лукаревска околу најавуваната истрага за компании од нафтениот бизнис кои затајувале данок.

Клучните предизвици со кои ќе се соочи Руте во НАТО
Поранешниот холански премие Марк Руте ќе ја преземе во вторник функцијата нов генерален секретар на НАТО во опасен момент за западната воена алијанса. НАТО се бори со …
Апаcиев: Дафинчето „мало неpвозна“ кога ѝ се cпомнаа шеcте cтана – „Кажи му на твојот лидеp алкоxоличаp да не те с’ска„
Вистинска драма се случуваше на комисиската расправа за втор заменик диектор на Царина во македонското собрание. Откако лидерот на Левица, Димитар Апасиев ѝ ги спомна шесте стана …

Според директорката, по завршување на празниците и пописот, ќе соопштат соодветно известување на јавноста околу истрагата и преземените мерки.

На почетокот на декември 2023 година, првиот човек на УЈП истакна дека се во фаза на откривање на еден специфичен ланец на компании кои се обиделе да ја изиграат државата.

-За десетина дена ќе објавиме, работиме на специфичен ланец на нафтени компании кои се обиделе да го изиграат системот. Ние ќе ги споделиме сите факти и записници до надлежните компании, рече Лукаревска во дебатна емисија.

Според директорката на УЈП, имало обид да се сокрие данок во сметководствената евиденција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.