УЈП работи викендов и испраќа последен апел до граѓаните

Денес и утре е последен рок во кој граѓаните ќе можат да ја потврдат или коригираат претпополнетата годишна даночна пријава. Веќе од понеделник, годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни пријави.
Од Управата за јавни приходи вчера информираа дека потврдувањето и корегирањето може да се направи и за време на викендот бидејќи крајниот рок за добивање на статус на конечни даночни пријави е во неработен ден.
– Управата за јавни приходи информира дека ќе им овозможи на граѓаните да ја потврдат/коригираат Претпополнетата Годишна даночна пријава во текот на викендот (на 01 и 02.06.2019 година). Ова од причина што крајниот рок за добивање на статус на конечни даночни пријави е во неработен ден, согласно на што на 03.06.2019 (понеделник) Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави според последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана. Пријавите коишто од страна на граѓаните не се ниту потврдени или коригирани ќе бидат службено потврдени, информираа од УЈП.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.