Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека поради планирани активности за подобрување на ИТ инфраструктурата на УЈП, на 23 јуни 2026 година (вторник) од 12:00 часот, апликацијата „Мој ДДВ“ ќе биде привремено недостапна.
„Недостапноста се должи на миграцијата на системот кон нова инфраструктура со цел да се обезбеди поголема безбедност и достапност на услугата“, велат од УЈП.
Системот ќе биде повторно ставен во функција веднаш по завршувањето на активностите.
Целта на „Мој ДДВ“ е граѓаните да ги скенираат своите фискални сметки, со што ќе придонесат за намалување на сивата економија.
The post УЈП: Ќе има привремен прекин во системот „Мој ДДВ“ поради техничко подобрување appeared first on Во Центар.



