Управата за јавни приходи соопшти дека ќе им овозможи на граѓаните да ја потврдат или коригираат претпополнетата Годишна даночна пријава и за време на викендов.
-Ова од причина што крајниот рок за добивање на статус на конечни даночни пријави е во неработен ден, согласно на што на 03.06.2019 (понеделник). Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави според последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана. Пријавите коишто од страна на граѓаните не се ниту потврдени или коригирани ќе бидат службено потврдени, наведува УЈП во соопштението.