Факели, овации и огномет за студентите: Пристигнаа во Ниш

Граѓаните се собраа во центарот на српскиот град Ниш со цел да ги пречекаат студентите кои стигнаа пеш за протестот „Студентски едикт“ на 1 март.

Тие пристигнаа на плоштадот кај Народниот театар од три правци, а таму ги пречека црвен тепих.

Им се доделија и медали, дипломи но и златни венци.

Инаку, со протестот „Студентски едикт“ во Ниш на 1 март повикани се студентите да блокираат десетици факултети ширум земјата, со барање да се утврди кривична и политичка одговорност за несреќата во Нови Сад.

Се очекува блокадата на централните градски улици во Ниш да трае 18 часа.

Пронајдете не на следниве мрежи: